Seminarski i Diplomski Rad

Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Pretprijatieto kako osnoven stopanski subjekt (makedonski)". Rad ima 12 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.

Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.

Ako tekst koji se nalazi ispod nije čitljiv (sadrži kukice, znakove pitanja ili nečitljive karaktere), molimo Vas, prijavite to ovde.

Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati ovde.

 

Универзитет “Гоце Делчев” - Штип

Предмет: Економика на претпријатие

Тема: Претпријатието како основен стопански субјект

-Семинарска изработка -

Изработил:      Ментор:

Азра Чулевиќ 172057   проф. Марија Ацковска

Симона Јосифовска 172036 асс. Зоран Темелков

Стефанија Коколанска 171988

Декември 2011

Кратка содржина:

Општ поим за претпријатие

Дефинирање на претпријатието

Претпријатието како основен субјект

Диференцирање на претпријатието

Претпријатијата како основен стопански субјект

Вовед

Опстанокот и развитокот на секое општество се поврзани со извршувањето на соодветна стопанска активност со чија помош се создаваат најралични производи и услуги за задоволување на потребите на пазарот.Носители на таа стопанска активност се посебни стопански субјекти кои со заедничко име се познати како претпријатија. Претпријатието како посебен стопански субјект во текот на својот развиток постојано ги менува целите, функциите и структурата и ги прилагодува барањата на средината, на подемот на материјалните производствени сили и на зголемените потреби на луѓето. Секое претпријатие, независно од организацискиот облик на неговото функционирање има некои заеднички карактеристики кои се својствени за генеричкиот поим на претпријатието како основен стопански субјект и кои ја определуваат неговата суштина, неговото битие.

Секој од нас има определена представа за претпријатието таа најчесто се сведува на сваќањето дека претпријатието го сочинуваат зградите, производствените погони, машините и суровините во нив и луѓето што работат. Меѓутоа ако влеземе внатре во претпријатието ќе се увериме дека овие познавања се недоволни за целосно разбирање на поимот претпријатие. Во претпријатието има многу познати и непознати работи за кои многу и не размислуваме при расчистување на овој поим. Може да се каже дека во функционирањето на претпријатието се јавуваат економски, технички, организациски, финансиски, кадровски, социјални, и други најразлични проблеми. Понатаму претпријатието можеме да го набљудуваме одделно од секој од овие аспекти или пак заедно од стојалиште на сите овие проблеми. Ако сето тоа го имаме предвид, тогаш можеме да кажеме дека претпријатието претставува еден сложен организам. Сложеноста и ширината на елементите на претпријатието се основна причина што во науката за економиката на претпријатието се сретнуваме со голем број на дефиниции за претпријатието. Тие дефиниции го одредуваат развојот на претпријатието и ги претставуваат неговите карактеристики и содржини на определна етапа од развитокот на општеството.

При дефинирањето на претпријатието соодветно влијание имаат и моменталните истражувачки и аналитички цели на авторите, нивните гледања и ставови, нивниот субјективен пристап. Од тука произлегува и втората карактеристика на општиот поим на претпријатието дека претпријатието е еманентно општествено економска и историска категорија. Тоа значи дека претпријатието како определена форма на организација на стопанската активност на секоја земја е тесно поврзана со развитокот на материјалните производствени сили и на нив засновани производствените односи. Со развитокот на општеството се менуваат содржината и карактеристиките на претпријатието. Тоа добива нова структура, нови функции и нови цели. Современото претпријатие многу се разликува дури и од онаа стопанска организација која во половината на 20 век беше позната како класично претпријатие. Во текот на последните децении од 20 век се извршени значајни измени во самата суштина на претпријатието во неговата внатрешна организација и во механизмот и динамиката на неговото функционирање. Тие измени представувваат резултат на современиот развиток на науката и технологијата. Под влијание на ваквиот развиток методите на деловното работење кој во современото претпријатие мора да ги користи, системот на прибирање, обработка и циркулација на информациите, методите на донесување на одлуки, технологијата на извршување на трансформационите процеси го прават денешното претпријатие многу различно од класичното претпријатие на педестете години на 20 век. Современите претпријатија во својата долгорочна деловна и развојна политика нужно треба да се прилагодат на овој продор на науката и тенологијата на нивните последици во иднина. На тој начин претпријатието како организациски облика на извршување на стопанската активност на одредена земја, минувајки низ различни тансформации условени од развојот ја менува својата содржина и обележје со тоа што добива различна структура, различни функции и различни цели на секоја етапа од тој развиток. Минливоста на претпријатето неговата дијалектичка природа и општествена економска условеност од развитокот мораме постојано да ја имаме во предвид. Разбирањето на дијалектичката природа на претпријатието може во голема мерка да помогне пред се полесно да се објаснат различните дефиниции за претпријатието, поврзани со различните степени на неговиот развој но исто така и полесно да се сфатат и разубедат одделни етапи во развиткот на претпријатието, неговите трансформации и дефиниции за разните етапи.

...

 

-------------------- CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU.---------------------

    www.maturski.org

MOŽETE NAS KONTAKTIRATI NA E-MAIL:

[email protected]

maturski.org Besplatni seminarski Maturski Diplomski Maturalni SEMINARSKI RAD , seminarski radovi download, seminarski rad besplatno, www.maturski.org, Samo besplatni seminarski radovi, Seminarski rad bez placanja, naknada, sms-a, uslovljavanja.. proverite!